Денеска во просториите на Регионална занаетчиска комора Куманово, Занаетчиска комора на Република Северна Македонија на чело со претседателот Агрон Фазлији се сретна со претставниците од Скопскиот плански регион, раководителот Љупчо- Кец Мицковски и Викторија Митрикеска

-Координатор за одржлив развој и поддршка на приватен сектор и со Директорот на Фондација за развој на мали и средни претпријатија Куманово – Димитар Ташевски.

На оваа средба се разговараше за воспоставување на соработка со цел јакнење на мрежите во локалната и руралната заедница, бизнис секторот, стимулирање на развојот на локално и регионално ниво со посебен акцент на занаетчискиот сектор.

Од понатамошната соработка се очекуваат проекти кои би донеле бенефити за занаетчискиот сектор и за занаетчиите.