Денеска (22.09.2020) се одржа Управен Одбор на ЗКРСМ во Тетово. На УО беа присутни повеќето претседатели на Регионалните занаетчиски комори на чело со претседателот Агрон Фазлији и потпретседателот Сашо Богоески. На УО беа донесени повеќе заклучоци:

-Да се продолжи со барања и соработка со надлежните институции за да дадат помош и поддршка на Занаетчиите.

-Занаетчиите ќе бидат вклучени во мерките на Владата за поддршка кои ќе бидат донесени наскоро (тука спаѓа минималната плата, 50 проценти од придонесите, како и директна парична помош што ќе оди кај најзагрозените стари занаети)

– Да се усогласат занаетчиите и фирмите со Законот за занаетчиска дејност од 2015 година и да се внесат во новиот Електронски Регистар на занаетчии

– Да се потпише Договор за соработка со Сојуз на стопански комори на Македонија за рамноправно партнерство и заедничко учество во проекти од кои би бенифицирале и Занаетчиските комори и Занаетчиите

– Во период од еден месец да се внесат Занаетчиите во новиот Електронски Регистар на Занаетчии за подобро се согледа големата бројка со што ќе добиеме уште поголемо значење и важност пред институциите