Денеска, Претседателот на Занаетчиска комора на Република Северна Македонија, господин Агрон Фазлији потпиша Меморандум за соработка со Сојуз на стопански комори на Македонија. Целта на овој Меморандум е да се вложат заеднички напори за реализирање на политиките неопходни за унапредување на Занаетчиската дејност и креирање на поволно деловно опкружување за целото стопанство.

Претседателот Фазлији истакна дека потпишувањето на овој Меморандум е значаен чекор.

Исто така, тој потенцираше дека Занаетчискиот чекор во нашата држава расте и добива на важност. Занетчиството е важен дел од нашата економија и е движечка сила на пазарната економија на секоја држава.

Тој изјави дека заедно со Сојузот на стопански комори на Македонија со заеднички напори и сили ќе оствариме многу успешни заеднички проекти кои ќе бидат од корист на Занаетчиите и на целата деловна заедница.