По иницијатива на директорот на АППТ д-р Љупчо Јаневски денес во просториите на Агенцијата, се оствари средба со претседателот на Занаетчиската комора на РСМ г-дин Агрон Фазилији и извршниот директор г-а Јелена Спасова.На состанокот се дискутираше за започнување на соработка помеѓу овие две институции преку потпишување на Меморандум за соработка во кој ќе бидат дефинирани конкретно целите и идните активности за овие две гранки.Старите занаети и севкупната традиција во иднина ќе бидат дел од програмските активности и дел од туризмот.