Туристичка промоција на традиционалните занаетиДиректорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, д-р Љупчо Јаневски и претседателот на Занаетчиската комора на Република Северна Македонија, Агрон Фазлији денес потпишаа Меморандум на соработка. Занаетчиите преку одржувањето на традиционалните занаети придонесуваат кон славење на традицијата и зачувување на културното наследство, но важен сегмент е и поттикнување на економскиот развој на земјава- истакна Јаневски. Без исклучок традиционалните занаети треба да бидат дел од туристичките посети, каде туристите ќе имаат можност да погледнат како се изработуваат одредени ракотворби, да споделат искуства и да купат рачно изработени предмети. Со потпишување на овој Меморандум ќе се работи на зацрстување на соработката преку заедничко делување, подобрување на квалитетот на производите и услугите на занаетчиите, презентација и промоција на занаетчиските производи и услуги во земјата и странство преку организирање на зеднички презентации со заедничко учество на саемски манифестации.