Верувамe дека постапките зборуваат погласно од зборовите и дека вистинската верба во нашите способности доаѓа од работата што ја работиме и влијанието што го создаваме“. 🙌Овие зборови не потсетуваат дека е клучно да ја препознаеме моќта на дејствувањето и да веруваме во сопствените способности. 💪На четвртиот Самит на жени лидери создадовме инспирација и храброст заедно, споделувајќи приказни кои трогаат и мотивираат. Извршната директорка на ЗКРСМ Јелена Спасова ја понесе наградата како најдобра жена лидер за 2023 година во категоријата “Како најбргу да ја постигнеме саканата цел”. Во иднина ќе продолжиме да работиме заедно, градејќи силна заедница на жени лидери во занаетчиството, кои веруваат во себе и нивното влијание