Согласно положбата и надлежностите на ЗКРСМ како национална комора, токму ЗКРСМ е институцијата која има легитимитет и надлежност да иницира, организира и формира национални професионални секции.
Со поддршка од Управниот одбор, иницијатива од повеќе регионални комори и барања од голем број занаетчии од овие дејности, започнува процес на институционално организирање и национално застапување на секторите.
Во првата фаза ќе започне формирањето на:
• Национална фризерска секција
• Национална козметичарска секција
Потоа ќе следува континуирано формирање и на:
• секција на ракотворци,
• златарска секција,
• како и други занаетчиски сектори кои имаат потреба од организирано национално претставување.
Националните секции не се формалност — тие претставуваат можност за подобра координација, поголема видливост, заштита на интересите на занаетчиите и директна комуникација со институциите.
Целта е јасна: секој занаетчија да има свое место, свој глас и вистинска институционална поддршка

ОДЛУКА

Занаетчиска комора на Република С. Македонија