Денеска (16.03.2021) претседателот на Занаетчиска комора на Република Северна Македонија господинот Агрон Фазлији заедно со директорот на Бизнис Конфедерација на Македонија господинот Миле Бошков беа во работна посета во главниот град на Албанија – Тирана.

Тие остварија средба со Занаетчиска комора на Република Албанија. На средбата тие споделија искуства во занаетчискиот сектор во двете држави. Исто така, на средбата се разговараше за идна соработка, активности и проекти за подобрување на занаетчистките дејности и конкурентноста како и на занаетчиските права во двете држави