Денеска претседателот на Занаетчиска комора на Република Северна Македонија г-дин Агрон Фазлији беше на средба со министерот за финансии. Средбата беше организирана од Сојуз на стопански комори на Македонија. На средбата се разговараше за проблемите со кои се соочуваат фирмите и за мерки со кои може да им се помогне. Госпоѓата Данела Арсовска, претседателка на Сојуз на стопански комори на Македонија, организаторка на настанот потенцираше дека покрај некои други бизниси, занаетчиите за свечености како што се свадбите воопшто не работеа. Тука спаѓаат фризери за свадби, шнајдери за свечени фустани и венчаници и други занаетчиски дејности поврзани со свадбите и на нив им се потребни мерки со кои државата ќе им помогне да го надминат овој тежок период.
Министерот Фатмир Бесими изјави дека потребна е добра комунукација меѓу сите чинители за да може државата да помогне на оние што им е најпотребно. Државата ќе добие 200 милиони евра кредити од кои треба да се искористат за помош на бизнисите.
На средбата имаа обраќање на претставниците на коморите. Во овој дел, Претседателот на Занаетчиска комора на Република Северна Македонија Г-дин Фазлији ги потенцираше барањата на занаетчиите за добивање на минимална нето плата и пристап до кредити, намалување на парафискалните давачки. Од Министерство за економија треба да дадат средства за директна помош на занаетчиите и се надеваме дека наскоро тоа ќе биде остварено. Исто така, претседателот Фазлији изјави дека во спротивно, ако занаетчиите не ја добијат потребната помош од државата, за жал многу занаетчиски дуќани ќе се затворат.
Министерот Бесими рече дека околу делот со платите се прави таргетирање за да може да стигнат парите до оние на кои најмногу им требаат. Со ребалансот на буџетот ќе видат колку и како ќе ги распределат средствата и сето тоа ќе се направи со разговори со коморите и сите чинители. Министерот потенцираше дека пред се мора да се сузбие сивата економија за да можат да се решат повеќе проблеми.