Денеска, Претседателот на ЗКРСМ господин Агрон Фазлији заедно со стручната служба беше во работна посета на Косово кај амбасадорката на Република Северна Македонија во Косово госпоѓа Шпреса Јусуфи во Приштина и кај Здружението Еснаф од Призрен чиј што претседател е Варис Џељан.
Целта на денешната посета е воспоставување контакти, споделување искуства и идна соработка во проекти за унапредување на занаечиството во двете држави.
Всушност, на денешнава агенда беа следниве настани:
– прием кај Амасадорката во Приштина,
– посета на Призрен
– прием кај Здружението за бизнис и занаетчиство Еснаф на чело со претседателот господинот Варис Џељан и госпоѓата Есен Кајмакчи претставник на жените во бизнисот и занаетчиството, како и други претставници од ова здружение
– Посета на неколку успешни бизниси во Призрен
– Краток разглед со туристички водич на Призрен кој важи за значаен историски и занаетчиски град.
Би сакале да изразиме голема благодарност до Амбасадорката и до организацијата Еснаф формирана во 1994 година за прекрасниот пречек и подготовеноста за соработка.
Се надеваме на плодна и успешна соработка во иднина која ќе донесе бенефити за занаетчиите во двете држави.
Како специјални гости на ЗКРСМ на денешната посета во Косово беа претставниците од Скопскиот плански регион, господинот Љупчо Кец Мицковски -директор на Скопски плански регион и госпоѓица Викторија Митрикеска – координатор за одржлив развој и поддршка на приватен сектор.