ЗКРСМ на чело со Претседателот господинот Агрон Фазлији реши да даде поддршка за хуманиот гест на групата фризерки и козметичарки од Струмица кои водени од мотото “Сите заедно можеме многу” кои организираа хуманитарна акција на 23 и 24 февруари за Стефан Таушанов. Претседателот денеска беше во посета на Струмица во фризерските и козметичарските студис кои ја организираа хуманитарната акција и даде свој личен придонес. Средствата што ги собраа во овие два дена ќе бидат донирани за Стефан.
Ова е само уште еден пример во низата за тоа колку занаетчиите се хумани луѓе. Тие дури и во овие тешки времиња за сите занаетчии решија да го направат овој хуман гест.