Со голема мотивација и интерес започна новиот циклус на бесплатни обуки за козметичари за нега на лице и тело во Охрид, во рамки на проектот „Образование и економско зајакнување на ранливи групи жени во Северна Македонија“ подржан од Slovenian Embassy Skopje/Амбасада на Република Словенија .
Жените од Охрид и околината добиваат уникатна можност да стекнат практични вештини и знаења за работа со природни и еколошки материјали, кои ќе им помогнат да започнат сопствен бизнис или да се вработат.
Обуките се реализираат под менторство на професионални обучувачи, а по завршување на програмата, учесничките ќе добијат официјален сертификат.
Им посакуваме успешен почеток и инспиративно патување кон економска независност и личен раст!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *