Денес Занаетчиската комора на Република Северна Македонија имаше чест да присуствува на одбележувањето на Светскиот ден на пчелата и официјалното отворање на првиот Парк на пчелата во земјата, кој се наоѓа во дворот на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје.Настанот, организиран од Slovenian Embassy Skopje/Амбасада на Република Словенија АДРА Македонија и Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје, во соработка со градинките од општина Гази Баба, беше во знакот на едукација, одржливост и почит кон улогата на пчелите како незаменливи опрашувачи за нашиот екосистем и прехранбена безбедност.Честитки до организаторите за прекрасно осмислен настан, особено за едукативната дигитална платформа што им овозможи на учениците ширум државата да учат за значењето на пчелите преку игра и иновација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *