Со особена чест и задоволство ја информираме јавноста дека Занаетчиска комора на Република Северна Македонија потпиша договор за реализација на нов проект со финансиска поддршка од Slovenian Embassy Skopje/Амбасада на Република Словенија.Договорот беше потпишан од Амбасадорот Н.Е. г-дин Грегор Прескер и претседателот на ЗКРСМ г-дин Агрон Фазлији. Проектот „Образование и економско зајакнување на ранливи групи жени во Северна Македонија“ претставува значаен чекор во насока на јакнење на социјалната кохезија, економската независност и родовата еднаквост. Активностите ќе се спроведуваат во Скопје, Охрид, Гостивар, Прилеп Куманово и Св.Николе каде преку практични и теоретски обуки козметичарки, околу 100 кандидатки ќе добијат можност да се стекнат со сертификати, знаења и алатки за вработување или отворање сопствен бизнис.Дополнително, проектот предвидува обуки за производство на природна козметика со еколошки пристап, во соработка со локални пчелари и фармацевтски компании, како и развој на претприемнички вештини за економско јакнење на учесничките.Оваа иницијатива има за цел да ги поддржи жените од различни заедници кои долго време биле маргинализирани и исклучени од формалниот пазар на труд. Со овој проект, им отвораме врата кон достоинствена работа, финансиска стабилност и активно учество во економијата на државата.Искрена благодарност до Амбасадата на Република Словенија за партнерството, до г-ѓа Gjyle Vishaj за довербата и посветеноста кон градење поинклузивно и одржливо општество.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *