Со гордост го означивме отворањето на новиот Тренинг центар на Занаетчиската комора на Република Северна Македонија во населбата Железара – простор кој ќе биде извор на знаење, вештини и можности за идните занаетчии.На свеченоста присуствуваа Н.Е. Грегор Прескер – амбасадор на Република Словенија, заменикот министер за економија и труд г. Марјан Ристески, Градоначалникот на Општина Гази Баба г. Бобан Стефковски кој свечено го отвори тренинг центарот.Овој центар не е само инфраструктурен проект – тој е симбол на посветеност кон занаетчиството, економското зајакнување на младите и жените, како и партнерството меѓу институциите, приватниот сектор и меѓународните пријатели.Со особена благодарност до Општина Гази Баба, Slovenian Embassy Skopje/Амбасада на Република Словенија за поддршката и до сите донатори и соработници кои помогнаа оваа визија да стане реалност.Нашата мисија продолжува – да изградиме систем на поддршка и развој на занаетчиството како столб на локалната економија.Занаетчиска комора на РСМ – Традиција со иднина!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *