Во просториите на ЗКРСМ се одржа состанок со експерти од ИПА проектот. Она што се разговараше во полуструктурираното интервју со директорката на ЗКРСМ г-ѓа Јелена Спасова ќе даде огромен придонес во утврдување на фактичката состојба на постсредното образование (мајсторскиот испит), што ќе биде користено во понатамошните активности за реформа и подобрување на истото. ЗКРСМ нема тука да застане, ќе продолжи понатаму со сите активности кои ќе придонесат за подобрување на состојбата на занаетчиството.