Почитувани,
Занаетчиска Комора на Република Северна Македонија, е организатор на Форумот ” Занаетчиството како важен дел на економијата и
неговата визија за создавање на квалификувана работна сила во Република Северна Македонија ” кој ќе се одржи на 17.11.2023 год. (петок), во хотел Александар Палас, со почеток во 10:00 часот.

📌На Форумот ќе се презентираат состојбите за растот и напредокот на занаетчиството, чија цел е да ги олесни дебатите за јавните политики на теми релевантни за Република Северна Македонија преку годишни конференции и семинари.

📌Како важен чинител на овој процес е потпишувањето на Декларацијата на Републичките Занаетчиските комори од териториите на Западен Балкан кои ќе ја основаат Асоцијацијата на Занаетчиски комори на Западен Балкан а проектот ќе биде финансиран од Европска Унија.

📌На Форумот ќе бидат потпишани два меморандума за соработка и еден меѓудржавен договор за кој се најавува дека ќе ја поттикне синергија на идеи и иницијативи од меѓународните партнери за развој на занаетчиството во граѓанското општество. Ова не е ниту помалку ниту повеќе туку формирање на еден амбиент којшто работи со принципите, вредностите и механизмите на ЕУ, но во меѓувреме и подобрување на инклузивноста во бизнис секторот за создавањето на квалификувана работна сила со која ќе се задоволат побарувањата на пазарот на трудот