На денешниот состанок со Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, г. Изет Меџити, Министерот за култура и туризам, г. Зоран Љутков, и градоначалникот на Општина Чаир, г. Висар Ганиу, се разговараше за занаетчиите кои се наоѓаат во Старата Скопска Чаршија. Главниот фокус на разговорот беше насочен кон поттикнување на млади занаетчии да започнат со занаетчиска дејност и проширување на занаетчиската понуда во чаршијата, како начин за дополнително оживување на овој значаен центар на занаетчиството.