Денес директорката на ЗКРСМ г-ѓа Јелена Спасова, министерката за образование и наука г-ѓа Весна Јаневска,градоначалникот на општина Гази Баба г-дин Бобан Стефковски, претседателката на сојузот на просветни работници и директорката на градинките во населба Автокоманда, ги доделија признанијата на најдобрите просветни работници за учебната 2023/2024 година. Оваа свеченост се одржа по повод 5-ти Октомври, Меѓународниот ден на учителот, и беше организирана со поддршка на Сојузот на просветни работници на Република Македонија.

Посветните работници се клучниот фактор во воспитно-образовниот процес и најголемиот двигател на општествените промени. Нивната улога е непроценлива – тие секојдневно го обликуваат умот и карактерот на нашите деца, пренесувајќи не само знаење, туку и вредности кои ќе ги водат низ животот. Нивната посветеност, страст и упорност се основата врз која се гради иднината на нашето општество. Без нивниот труд, ниту еден образовен проект не би имал успех.

Денес го најавивме и проектот, кој е дел од кампањата што ја започнавме во изминатиот период и кој вклучува занаетчиски работилници за деца. Овие работилници се пример за иновативен пристап во образованието. Тие ќе им овозможат на децата да ги развиваат своите креативни способности, а истовремено ќе ги запознаат со нашето културно наследство и традиционалните занаети. Преку овие активности, не само што ги едуцираме и инспирираме, туку создававме и можности кои ќе помогнат младите да останат и да се развиваат кај нас.

Голема благодарност до сите партнери, локалната самоуправа, образовните институции и Националната занаетчиска комора за нивната поддршка. Заедно го градиме патот кон посветла иднина за нашите деца и нашата заедница.