Kако дел од акцијата за бојкот на големите трговски ланци, ги повикуваме граѓаните да дадат предност на малите занаетчии, микро и мали производители, како и на локалните продавници. Занаетчиска комора на Република Македонија (ЗКРСМ) апелираше до пекари, слаткарници, месарници, сендвичари, киосци за храна и пијалаци, како и со микро и мали производители на храна и пијалаци, за намалување на цените на нивните производи за најмалку 10% во петок.
Оваа мерка не е само одговор на моменталните околности, туку и порака дека локалната економија може да понуди поправедни цени и подобар квалитет за граѓаните. Веќе постојните пониски цени кај занаетчиите и малите бизниси, со оваа дополнителна иницијатива, добиваат уште поголем поттик за да ги мотивираат потрошувачите да купуваат локално.
Ги охрабруваме сите граѓани, не само за време на бојкотот, туку и во секојдневниот живот, да избираат производи од малите занаетчии и локалните трговци. Со тоа не само што ги поддржуваме домашните производители, туку и ја зајакнуваме целокупната економија во нашата земја.
Поддржете ги малите бизниси!
Купувајте локално!
Граѓаните на прво место!