ИНФО:На отворањето на новиот тренинг центар на Занаетчиска комора на Македонија на кое присуствуваа Амбасадорот на Словенија Н.Е. Грегор Прескер, заменикот министер за економија и труд Марјан Ристески, претседателот и извршната директорка на Занаетчиската комора на Македонија.Овој центар не претставува само нов објект, туку симбол на визија, посветеност и конкретен чекор кон јакнење на занаетчиството – една од темелните вредности на секое здраво и просперитетно општество. Тука ќе се создаваат нови знаења, ќе се пренесуваат вештини, и ќе се инспирираат идните генерации занаетчии кои со својот труд ќе го зајакнат стопанството и ќе придонесат за економскиот развој на нашата заедница.Особено ме радува фактот што ваков проект се реализира токму во Гази Баба – општина која со години го негува претприемништвото, производството и занаетчиството. Ова е доказ дека соработката меѓу институциите, бизнис-секторот и меѓународните партнери дава конкретни резултати.Изразувам искрена благодарност до Занаетчиската комора за нивната визија и иницијатива, и секако, до амбасадата на Република Словенија и амбасадорот г. Прескер за поддршката и присуството. Ова е уште еден показател за пријателските односи меѓу нашите две држави и можност за размена на знаења и добри практики.Нека овој центар биде дом на иновацијата, трудот и напредокот. Ве уверувам дека Општина Гази Баба ќе продолжи да биде отворен партнер и поддржувач на вакви проекти кои придонесуваат за одржлив локален развој.