Со задоволство најавуваме дека денес официјално започна реализацијата на проектот „Образување и економско зајакнување на жените“. 👩🎉

На настанот кој се одржа денес и ја одбележи промоцијата на проектот беше потенцирано дека ова е важен чекор во нашите напори за подобрување на положбата на жените од ранливите групи во нашата заедница.🎉

Сакаме да им се заблагодариме на нашите партнери и поддржувачи од Slovenian Embassy Skopje/Амбасада на Република Словенија, особено на Aмбасадорот г-дин Грегор Прескер, како и на Министерството за надворешни и европски работи на Република Словенија, кои ја препознаа важноста на оваа иницијатива и одлучија да ја поддржат финансиски. 🙏 Ваша поддршка е клучна за успешната реализација на овој проект и за подобрување на животите на многу жени во Северна Македонија.

Наша цел е не само да обезбедиме обука и образование, туку и да создадеме средина каде жените ќе се чувствуваат поддржани и мотивирани да ги остварат своите цели. 💪 Со овие активности, ние не само што ги зајакнуваме жените, туку и ја зајакнуваме целата заедница, бидејќи знаењето и вештините што ги стекнуваат овие жени ќе имаат позитивен ефект врз нивните семејства и околината.

Повиот за пријавување на кандидати сè уште е отворен! Заинтересираните кандидати можат да не контактираат директно за повеќе информации. 📩

Продолжете да не следите за повеќе информации и новости за нашиот проект! 📢

Ministrstvo za zunanje in evropske zadeve RS / Slovenian Ministry of Foreign and European Affairs

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *