Почитувани соработници, пријатели и сограѓани на Куманово,Денес се чувствувам длабоко почестен и благодарен за оваа важна награда. Сакам да изразам искрена благодарност до сите што ме номинираа и до секој соработник што беше покрај мене во овој пат. Оваа награда не е само моја, туку и на сите оние кои придонесоа и го поддржаа мојот мисија за афирмација и развој на занаетчиството и нашите традиции.Посебна благодарност до Градоначалникот на Општина Куманово и другите институции кои беа дел од ова патување. Без нивната поддршка, многу од овие достигнувања немаше да бидат можни.Оваа награда е мотив да не застанам тука. Со напорна работа и голема посветеност, како и со семејни жртви, посветен сум да продолжам да давам придонес за подобра иднина за градот и за сите националности на Куманово и Северна Македонија. Ова е порака на обединување и соработка за сите нас кои ги делиме истите аспирации за развој и благосостојба.Од срце им благодарам на сите за оваа голема чест!