Извршната директорка на Занаетчиска комора на РМ, г-ѓа Јелена Спасова, учествуваше на отворањето на 22-те Спортски игри на Македонскиот полициски синдикат!

Со голема гордост ја претставивме нашата нова соработка помеѓу Занаетчиската комора на РСМ и Македонскиот полициски синдикат, која ќе отвори нови можности за сите полициски службеници, особено за оние кои се во пост-активна служба. На отворањето на овој спортски настан ја најавивме иницијативата за преквалификација и обуки, што ќе им овозможи на семејствата на полициските службеници да се стекнат со занаетчиски вештини, поттикнувајќи професионален и личен развој.

Проектот има за цел да ја подобри финансиската стабилност и да отвори нови врати за сите учесници, градејќи подобра иднина за нашата заедница и нашата држава! 🇲🇰

Со нетрпение ги очекуваме идните успеси и моменти на заедништво кои овој проект ќе ги донесе!