Клучни проблеми кои бараат решенија:
- Сивата економија
• Денес секој трет дуќан за фризерски услуги е нерегистриран. Секој втор механичар работи без регистрирана дејност. Во сите општини, од Липково до Гевгелија, стотици бизниси функционираат без регистрација, без фискални сметки и надвор од формалната економија.
• Ова сериозно го оштетува формалниот приватен сектор, кој плаќа даноци, придонесува за државата и се соочува со нелојална конкуренција од неформалната економија. - Работи во државниот сектор и „црна“ работа после работното време
• Многу вработени во администрацијата, по завршувањето на работното време, продолжуваат да нудат услуги во „сива зона“ како фризери, естетичари, механичари, дрводелци и многу други професии. Ова дополнително го влошува статусот на приватниот сектор и создава нееднаквост на пазарот. - Иселување на младите и недоволна свесност
• Младите масовно се иселуваат, изморени од празните ветувања и недостатокот на реална поддршка. Колку кампањи за подигање на свесноста за младите сте виделе на телевизија? Колку реални мерки се преземени за да им се помогне на младите да изградат иднина во својата земја? - Недостаток на работници во градежниот сектор
• Градежниот сектор денес се соочува со сериозен недостаток на работна сила. Од плочкари, водоинсталатери, фасадери, до многу други занаети поврзани со оваа индустрија, сите се дефицитарни. Причината? Ниските плати, несигурноста на работното место и недостигот на било каква поддршка или стимулација од државата.
Нашите барања: - Минимална плата од 700 евра
• Ова е неопходност, но мора да биде придружена со субвенции од државата за придонесите на малите и средни претпријатија. Владата треба да субвенционира 30% од придонесите за да ја олесни економската тежина на формалниот сектор. - Остра борба против сивата економија
• Сите нерегистрирани бизниси треба да бидат идентификувани и интегрирани во формалната економија. Инспекциите треба да бидат строги, праведни и сеопфатни, без исклучоци. - Заштита на приватниот сектор од неформална конкуренција и интервенција на соседните земји
• Границите се неконтролирани. Производи и услуги од соседните земји нелегално влегуваат и ги оштетуваат нашите локални бизниси. - Еднаквост за сите сектори
• Синдикатите што ги претставуваат работниците треба да го прошират својот фокус и да го вклучат занаетчискиот сектор, каде што над 70.000 мали фирми се исклучени од претставување и поддршка.
Нашата порака:
Побрзајте! Премногу доцниме и приватниот сектор се распаѓа под тежината на празните ветувања. Само преку борба против сивата економија и поддршка за регуларните бизниси, можеме да обезбедиме зголемување на платите и да го спречиме иселувањето на младите. Минималната плата од 700 евра е возможна само со еднаквост и реална поддршка за формалната економија.
Дојдете и погледнете ја реалноста одблизу. Не ги затворајте очите пред неправдите. Време е за акција!