Занаетчиска комора на Република СевернаМакедонија (ЗКРСМ) денеска го одржа Изборно собрание, на кое за нов претседател на Комората беше избран Агрон Фазлији.Ова за г-дин Фазлији е втор мандат, односно уште нови четри години борба за добробит на занаетчиите.Меѓу останатите, избрани беа претседател и заменик претседател на Собранието, потпретседарели на У.О и надзорни органи.Претседателот Фазлији во своето обраќање кон членовите и претставниците на другите органи на комората, изјави дека своето раководство ќе го темели на принципите и вредности на ЗКРСМ, и во согласност со мисијата и визијата на комората за заштита и унапредување на нејзините членки и на занаетчиските вредности. Време е микро малите занаетчиски дејности да го завземат своето место во создавање и креирање на нови економски политики. Воедно истакна дека Владата треба да обврне посебно внимание на овие дејности.Занаетчиска Комора на Република Северна Македонија продолжува и понатамунема да застане тука, ќе бидеме проактивни и ќе ги продолжиме активностите за справување со предизвиците бидејќи не е прв пат занаетчиството да биде ставено на многу искушенија, но сепак успеало да опстане, а ние заедно ќе направиме се за да опстојува и во иднина.