На 6 декември 2024 година, во хотел „Александар Палас“ во Скопје, се одржа завршната конференција „Никогаш нема да бидеш сама“ како дел од проектот „Образување и економско зајакнување на жените“. Настанот обедини над 50 учесници, вклучувајќи жени од рурални средини, ранливи категории, мајки на деца со попреченост и претставнички од различни националности.
Конференцијата вклучи инспиративна панел-дискусија „Како понатаму?“, на која учествуваа панелистки од проектот кои ги споделија своите искуства, идеи и предизвици. Нивните приказни ја покажаа силата на заедништвото и важноста на поддршката во справувањето со економските и социјалните бариери.
Настанот ја истакна важноста на инклузивноста и соработката за создавање одржливи резултати. Благодарение на овој проект, бројни жени добија можност за едукација, вработување и градење независност – со цел подобро и поправедно општество.
Проектот е реализиран со подршка на Slovenian Embassy Skopje/Амбасада на Република Словенија кои остануваат посветени на зајакнување на жените и промовирање на родовата еднаквост.




