Потребата од квалификувани работници е постојана, а особено нагласена и со заминувањето на работници од земјава во други европски земји. Затоа тежнееме кон усогласување на проблемите во приватниот сектор односно кај занаетчиите. 📢 Во просториите на Амбасадата на Р. Швајцарија во Скопје, Занаетчиската комора на на Р.С. Македонија имаше состанок со заменик Амбасадорот г-дин Луциен Аегертер и Анета Дамјаноска- Координатор на програмата за Dual Education. На состанокот се разговараше за формалниот систем за образование кој не произведува кадри кои имаат квалификации што ги бара приватниот сектор. Воведување на дуално образование, учење преку практична работа и други начини на обука се потребни за да се намали дефицитот на потребните кадри. Занаетчиска Комора на Р.С.Македонија ќе биде потенцијален партнер на проектот “Образование за Вработување” преку кој малите компании кои вршат занаетчиска дејност ќе бидат финансирани да вршат обуки на кадри. 📒 Исто така се разговараше за неформалното образование, односно дека формалното образование трае долго време и не може навремено да продуцира стручни кадри за актуелните потреби на пазарот на трудот, вклучувајќи го и занаетчиството. Многу побрз начин за создавање на нови кадри е преку неформалното образование, односно преку посебни програми за образование на возрасните. Стекнатите сертификати за успешно завршените посебни програми се признаени, како во рамките на државата, така и надвор од неа, а се стекнуваат за времетраење од неколку месеци. Со цел да обезбедиме брзо и навремено образување на кадри, ЗКРСМ изработи 10 нови посебни програми за образование на возрасните, според новиот формат, засновани на модули и резултати од учење – фризер за жени и мажи;- козметичар за лице и тело- плочкар- изработувач на накит од филигран- автомеханичар за моторни возила- дом мајстор за станбени и деловни објекти – монтер за сувомонтажни градежни елементи- пекар – слаткар. Програмите ќе се реализираат од страна на ЗКРСМ и другите регионални комори, согласно со искажаните потреби на занаетчиите. На тој начин очекуваме да бидат обучени нови стручни кадри, водејќи сметка за нивните знаења, вештини и компетенции и кои нудат квалитетни занаетчиски производи и услуги, но и самовработување во занаетчиската дејност.Се надевааме дека на ваков начин ќе се добијат квалитетни работници, но и оние кои нема да бидат вработени полесно ќе можат да најдат работа поради стекнатата преквалификација.