Занаетчиската комора на Република Северна Македонија е основана во 2004 година/
Занаетчиска комора на Република Северна Македонија се состои од 15 регионални занаетчиски комори. Во нив членовите можат да бидат занаетчии и занаетчиски услуги и други правни лица, кои придонесуваат со нивните активности за унапредување на претприемништвото и развој на занаетчиството.
ЗКРСМ има јавни овластувања дадени од Министерството за економија на Република Северна Македонија.
Поради нашиот коморен систем, социјални партнерства со државата институции на РСМ и заради законски овластувања утврдени со Законот за занаетчиство, ние сме активни во поддршката на занаетчиството, подобрување на квалитетот на занаетчиските производи и услуги, како и залагање за социјални и економски интереси на занаетчиите на целата територија на РСМ .