Денес се одржа свечено субвенционирање на старите занаети и саем за мало стопанство во Куманово, во организација на Регионална занаетчиска комора и Фондацијата за развој Куманово .Субвенционирањето на старите занаети е инвестиција во експертизата и иновативноста но истовремено и поддршка во развојот на занаетчиските дејности но и зачувување на уникатноста, умешноста и стручноста во производството на високо-квалитетни и автентични производи. Токму преку настани од овој тип сигурно ја подигаме свеста за значењето на старите занаети во секојдневието и во системот каде што во денешно време станува се’ позначајно да се истакне важноста на старите занаети и занаетчиите и да го потенцираме придонесот кој што преку своите вештини го имаат во општеството и економијата на макро и микро ниво.На настанот беа доделени субвенции на претставници на старите традиционални занаети, благодарници и плакети од страна на претседателот на ЗКРСМ Г-дин Агрон Фазлији и Градоначалникот на општина Куманово Г-дин Максим Димитриевски. Занаетчиската комора на РСМ како заедница на борци за правата и интересите на занаетчиите, но воедно и гласноговорници за предизвиците со кои што тие се соочуваат, ќе продолжи со иницирање и субвенционирање на старите занаети и одржување на вакви саеми во останатите градови на РСМ во соработка со локалните власти и регионалните занаетчиски комори.